Европската агенција за лекови проценува дали лекот „Xevudy“, кој спречува потешки форми на Ковид-19, може да биде одобрен во Европската Унија.
„ЕМА ќе ги процени придобивките и ризиците од лекот на краток рок и може да даде мислење во рок од два месеци“, се вели во соопштението од оваа организација.
Лекот развиен од фармацевтските компании „GlaxoSmithKline“ и „Vir Biotechnology“, треба да ги спречи потешките форми на болеста и потребата од хоспитализација кај пациенти со Ковид-19.
Лекот е наменет за третман на возрасни и тинејџери кои се изложени на зголемен ризик од тешки форми на Ковид-19, пред вклучувањето на терапија со кислород.
Третманот се заснова на терапија со моноклонални антитела со користење на тип на протеин кој се врзува за коронавирусот и ја намалува неговата способност да навлезе во клетката на човечкото тело.