Емиратите купија десетици милиони барели ирачка нафта со огромни попусти

Емиратите купија десетици милиони барели ирачка нафта со огромни попусти

пред 1 час

Националната нафтена компанија од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Abu Dhabi National Oil Co (ADNOC) купи милиони барели сурова нафта од ирачката државна нафтена компанија SOMO по намалена цена, според три извори запознаени со случајот.

Во текот на август и првата половина на септември, ADNOC беше најголемиот купувач на ирачка нафта преку својот оддел за тргување, изјавија извори од ирачкиот енергетски сектор. Набавките на ADNOC го поттикнаа ирачкиот извоз, кој претходно беше значително намален поради војната на Блискиот Исток, забележува Ројтерс.

Попусти до 27 долари по барел
Компанијата од ОАЕ во август се договори за купување на 32 милиони барели ирачка нафта, со попусти кои се движеа од 24,90 до 27 долари по барел. Во септември купи уште 40 милиони барели, вклучувајќи 10 милиони барели со попуст од 18 долари по барел и 30 милиони барели со попуст од 25 долари по барел, изјави еден од ирачките извори.

Иако ирачката компанија SOMO му додели 32 милиони барели на ADNOC за август, енергетскиот гигант од ОАЕ натовари само 20 милиони барели поради ограничувањата на извозот и неможноста на компанијата Basra Oil Company да обезбеди доволни количини сурова нафта, изјави втор ирачки извор.

Од почетокот на септември, ADNOC натовари 14 милиони барели ирачка нафта, додаде изворот.

И други купуваат големи количини
Трет извор наведе дека ADNOC купил приближно 20 милиони барели сурова нафта од ирачката SOMO преку тендер – со попуст од 25 до 27 долари по барел – за испорака во периодот меѓу септември и октомври.

И други компании купуваат ирачка сурова нафта. SOMO понуди пратки за товарење во август со големи попусти, привлекувајќи и други купувачи – вклучувајќи ги кинеските државни гиганти PetroChina и Zhenhua Oil, француската TotalEnergies, како и трговските куќи Vitol, Trafigura, Mercuria и Cathay Petroleum – изјавија претходно извори од трговскиот сектор за Ројтерс.

Текстот Емиратите купија десетици милиони барели ирачка нафта со огромни попусти е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top