„Ербиенби“ воведува нов модел на провизии – домаќините ќе плаќаат значително повеќе

„Ербиенби“ воведува нов модел на провизии – домаќините ќе плаќаат значително повеќе

пред 1 час

Платформата за краткорочно изнајмување „Ербиенби“ започна со воведување нов модел на наплата според кој трошокот за провизија во поголем дел ќе биде префрлен на домаќините.

Наместо досегашниот модел, во кој сопствениците најчесто плаќаа околу три отсто провизија, новиот систем предвидува провизија од 15,5 отсто за домаќините.

Промената „Ербиенби“ ја најави кон крајот на 2025 година, а постепено се проширува на сè поголем број корисници ширум светот. Новиот модел веќе започна да се применува кај дел од издавачите на сместување, а платформата најавува дека измените ќе бидат целосно воведени до октомври.

Со новиот систем, гостите при резервирањето ќе ја гледаат конечната цена без дополнителни трошоци во завршниот чекор од процесот, додека домаќините ќе треба да го преземат целиот износ на провизијата.

Од „Ербиенби“ велат дека промената треба да донесе поголема транспарентност за гостите, а на сопствениците им препорачуваат да ги коригираат цените за да го задржат досегашниот приход.

Сепак, дел од издавачите предупредуваат дека повисоките трошоци може дополнително да влијаат врз нивната заработка, особено во период кога туристичкиот сектор се соочува со повисоки оперативни трошоци и поголема конкуренција.

Пример: За приход од 3.000 евра трошокот расте за речиси 470 евра

Според пресметките, ако издавач во сезона наплаќа 100 евра по ноќевање и оствари месечен приход од 3.000 евра, разликата меѓу стариот и новиот модел е значителна.

Со претходниот систем, „Ербиенби“ би наплатил околу 90 евра провизија, а со додадениот данок вкупниот трошок би изнесувал околу 112,50 евра.

Со новиот модел, провизијата расте на 465 евра, а со 25 отсто ДДВ обврската кон даночните власти достигнува 116,25 евра. Вкупниот трошок се искачува на 581,25 евра.

Тоа значи дека за истиот приход од 3.000 евра издавачот би издвоил околу 469 евра повеќе отколку досега.

„Ербиенби“ е една од најголемите светски платформи за краткорочно изнајмување, а промената на моделот на наплата се очекува да влијае врз голем број сопственици на апартмани и куќи за одмор во различни туристички пазари.

Текстот „Ербиенби“ воведува нов модел на провизии – домаќините ќе плаќаат значително повеќе е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top