Ерупцијата на Етна откажа околу 700 летови

Ерупцијата на Етна откажа околу 700 летови

пред 6 часа

Новата ерупција на вулканот Етна предизвика големи проблеми во воздушниот сообраќај на Сицилија, особено на аеродромот во Катанија.

Од 8 до 11 август биле откажани околу 700 пристигнувачки и поаѓачки летови, а за денеска се очекува откажување на уште 52. Повеќе од 250 авиони биле пренасочени кон други сицилијански аеродроми.

Поради вулканскиот пепел, аеродромот во Катанија ги прекина сите полетувања и слетувања до утре во 16 часот. Од управата ги повикаа патниците претходно да го проверат статусот на својот лет со авиокомпанијата.

Етна од петокот исфрла големи количества пепел, врело камење и лава. Според италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија, лава истекува од два отвора, а се отворил и нов отвор на височина од околу 1.900 метри.

Текстот Ерупцијата на Етна откажа околу 700 летови е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top