ЕУ следната година ќе воведе царински давачки за пакети во вредност помала од 150 евра

ЕУ следната година ќе воведе царински давачки за пакети во вредност помала од 150 евра

пред 2 часа

Министрите за финансии на Европската Унија денес се согласија да воведат царински давачки во текот на 2026 година за пакети со вредност помала од 150 евра, кои пристигнуваат во 27 земји-членки на Унијата.

Ваквата одлука првенствено ќе ги погоди кинеските онлајн продавачи „Шеин“ и „Тему“, објави Ројтерс.

Првичниот план на Европската Унија беше да се укине ослободувањето од царински давачки за пакети со помала вредност дури во 2028 година.

Сепак, милијарди пакети, кои пристигнуваат во ЕУ главно од Кина, предизвикаа реакција од европските компании и влијаеја врз политичарите да дејствуваат што е можно побрзо и да ја донесат гореспоменатата одлука.

Минатата година, во ЕУ влегоа 4,6 милијарди вакви мали пакети, или повеќе од 145 во секунда, од кои 91 процент потекнуваат од Кина.

Европската Унија очекува тој број да се зголеми, според медиумот.

Фото: принтскрин

Текстот ЕУ следната година ќе воведе царински давачки за пакети во вредност помала од 150 евра е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top