Жестоки експлозии во украински град: руски наведувани бомби убија пет лица

Жестоки експлозии во украински град: руски наведувани бомби убија пет лица

пред 2 часа

Во руски ноќен напад врз градот Запорожје загинаа најмалку пет лица, а осум беа повредени, соопштија локалните власти. Регионалниот гувернер, Иван Федоров, ги потврди бројките на жртви во петокот околу 4:30 часот по локално време, објави „Киев Индепендент“.

Првите извештаи за нападот се појавија доцна синоќа, кога низ целиот град се слушнаа силни експлозии. Според Федоров, руските сили користеле аведувани воздушни бомби од типот КАБ.

Огромна штета на цивилните објекти
Бомбите предизвикаа голема штета на цивилната инфраструктура, при што беа оштетени најмалку пет повеќекатни станбени згради. Сите служби за итни случаи се на местото на настанот, кои работат на гаснење на пожарот и проценка на вкупната штета.

фото: принтскрин

Текстот Жестоки експлозии во украински град: руски наведувани бомби убија пет лица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top