„Заборавив дека имам конци од шок“: Руски напади со беспилотни летала  погодија породилна болница во Харков

„Заборавив дека имам конци од шок“: Руски напади со беспилотни летала погодија породилна болница во Харков

пред 7 часа

Денешниот руски напад со беспилотни летала врз Харков, Украина, оштети породилна болница и предизвика паника кај мајките и бремените жени, бидејќи стаклото од скршените прозорци паѓаше врз креветите, а семејствата бараа засолниште за своите новороденчиња. Три жени и три новороденчиња претрпеа акутен стрес и добија медицинска помош, велат регионалните обвинители на Харков.

Олександра Лавриненко беше во болница кратко време по породувањето. „Се разбудивме и слушнавме многу гласен свиреж. Сопругот и јас станавме и брзо отидовме кај нашето малечко, а потоа се слушна тресок и прозорците се скршија“, рече таа. Тие избегаа во подземно засолниште со нивниот еднодневен син Максим.

„Беше многу страшно, бев толку под дејство на адреналин што веројатно заборавив дека имам конци. Дури сега полека се опоравувам од шокот. Многу е тешко и страшно да се породиш во овие времиња“, рече Лавриненко. Парчиња стакло ги покриваа подовите и креветите во болницата, а пациентите и персоналот се подготвуваа за евакуација, според написите.

Доктор Олександр Кондријацки рече дека страната на зградата во која се сместени породилните и операционите сали била погодена.

„Сите, и персоналот и жените, претрпеле сериозен стрес“, рече тој, додавајќи дека некои од пациентите се породиле пред само неколку дена.

Текстот „Заборавив дека имам конци од шок“: Руски напади со беспилотни летала погодија породилна болница во Харков е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top