Холандската полиција успешно ја реши заложничката драма во Амстердам, а осомничениот, кој бил вооружен со пиштол, е под надзор, јавува „Би-Би-Си“.
Полицијата го совладала соборувајќи го додека бегал од продавницата на Apple. Полицијата ја пребараа областа околу зградата во која се наоѓа продавницата на Apple во потрага по можни експлозиви.
Заложникот на крајот бил ослободен неповреден, а на напаѓачот прво му била укажана лекарска помош по што бил уапсен, соопшти холандската полиција.
Она што започна како вооружен грабеж прерасна во ситуација со заложници. Најмалку едно лице било држено во заложништво со часови.
Тој е 27-годишен маж кој живее во Амстердам.
Amsterdam Apple Store hostage situation ends with hostages released, suspect arrested after demanding 200 million in crypto https://t.co/83LTnWQUKQ pic.twitter.com/FLiDFD9nQ5
— The Verge (@verge) February 23, 2022