Заливските држави размислуваат за војна со Иран, пишува „Блумберг“

Заливските држави размислуваат за војна со Иран, пишува „Блумберг“

пред 2 часа

Повеќе држави од Персискиот Залив, пред сè Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), ја разгледуваат можноста да се приклучат во американско-израелската војна против Иран, пишува Блумберг.

Сепак, според пишувањето, некои од овие држави би биле принудени на таков чекор само доколку Техеран ја нападне нивната клучна енергетска и водна инфраструктура.

Саудиска Арабија и Емиратите сè повеќе го губат трпението поради иранските напади кои веќе погодиле пристаништа, енергетски постројки и аеродроми, изјавиле извори кои сакале да останат анонимни.

И покрај тоа, тие нагласуваат дека би се вклучиле во војната само ако Техеран ги реализира заканите за напади врз виталната инфраструктура.

Повеќето земји од Заливот се движат во таа насока, со исклучок на Оман, кој настојува да ја задржи улогата на посредник, наведува Блумберг.

Во исто време, државите од регионот се внимателни поради можноста Иран дополнително да ги ескалира нападите, но и поради сценариото во кое американскиот претседател Доналд Трамп би постигнал договор со Техеран, оставајќи ги со ослабен, но огорчен режим, изјавил еден европски дипломат во регионот.

Изворите додаваат дека многу влади стравуваат од ваков развој на настаните, дури и ако не се вклучат директно во конфликтот.

Војната во голема мера ги наруши односите меѓу Иран и неговите сунитски арапски соседи.

Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати во изминатите пет години се обидуваа да ги стабилизираат односите со Исламската Република – шиитски теократски режим кој долго го сметаат за закана за нивното регионално влијание – токму за да избегнат конфликт каков што сега се развива.

Текстот Заливските држави размислуваат за војна со Иран, пишува „Блумберг“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top