Осумгодишно девојче почина откако заскитан куршум ја погодил во глава на улица во Чикаго.
Мелиса Ортега се шетала со својот старател во саботата попладне, кога ненадејно паднала. Мажот кој бил со неа видел дека девојчето крвари и сфатил дека куршум ја погодил во главата. Детето итно било пренесено во блиската болница, каде што починало од повредите.
Според полицијата, цел на нападот не биле ниту девојчето ниту нејзиниот старател, пренесува „Телеграф“.
Наводно цел на убијците бил млад човек (26), кој излегувал од продавницата. Еден куршум го погодил младиот човек во долниот дел на грбот и тој е во критична состојба. Нападот го извршиле лица кои биле претходно познати на полицијата.
Властите понудија награда од 10.000 долари за луѓето кои ќе откријат каде се убијците.