Контејнерски брод во француска сопственост помина низ Ормускиот теснец, веројатно првиот познат премин на брод насочен кон Западна Европа откако војната во Иран речиси ја затвори клучната бродска линија, објави „Блумберг“.
„CMA CGM Kribi“ исплови од водите на Дубаи кон Иран во четвртокот попладне по локално време, сигнализирајќи француска сопственост, покажаа податоците за следење на бродовите.
The French‑linked container ship CMA CGM Kribi has successfully exited the Strait of Hormuz, marking the first known Western‑affiliated transit through the strategic waterway since the Iran war began, sailing under a Maltese flag from Dubai toward the Gulf of Oman.
~ Bloomberg. pic.twitter.com/DwU7Lt74RJ
— ME24 – Middle East 24 (@MiddleEast_24) April 3, 2026
Пловел близу до иранскиот брег, низ канал помеѓу островите Кешм и Ларак, отворено емитувајќи ја својата рута. Утрово, сигнализирал дека е во близина на Мускат. Две лица запознаени со ситуацијата, исто така, потврдија дека бродот поминал низ теснецот, според медиумот.
Сообраќајот низ Ормускиот теснец е практично во застој откако САД и Израел го нападнаа Иран пред повеќе од еден месец, а само мал број бродови, претежно поврзани со земји со добри односи со Техеран, минуваат низ него.
Се воспоставува систем според кој Иран дава однапред одобрение за бродовите да минуваат низ рута по неговиот брег. На пример, Пакистан постигна договор да им дозволи на 20 бродови под негово знаме да поминат, додека некои азиски земји, исто така, обезбедија безбеден премин.
Европските земји, вклучувајќи ја и Франција, започнаа почетни дипломатски напори за смирување на кризата, но досега нема видлив напредок. Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот за време на посетата на Јужна Кореја изјави дека Франција ќе работи на стабилизирање на ситуацијата во Ормускиот теснец „откако ќе престане бомбардирањето“.
Текстот Западноевропски брод помина низ Ормускиот теснец за прв пат од почетокот на војната е превземен од МАКФАКС.




