Захарова: Не е виновна Русија за поскапувањето на храната туку санкциите

пред 3 години

Коментирајќи ја изјавата на министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, дека Русија е виновна за зголемениот глад на планетата, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, рече дека цените растат поради Западните санкции против Русија.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„ Цените растат поради санкциите што ги воведе колективниот Запад против Русија под притисок на САД. Ова е така ако зборуваме за директната причина. Не разбирањето на ова е знак или за глупост или намерна измама на јавноста“, напиша Захарова на Телеграм.

Таа исто така порача дека ако се земат предвид првичните причини во поширок контекст, тогаш распаѓањето на државноста на Украина е дело на колективниот Запад.

„ Распадот на Украина ги вклучува, меѓу другото, и претходниците на госпоѓа Бурбок, кои не само што се мешаа во ситуацијата во таа земја, туку и ја моделираа внатрешната и надворешната политика на Украина“, посочи Захарова.

Претходно, министерката за надворешни работи на Германија изјави дека поради ситуацијата во Украина, на планетата може да дојде до глобален глад.

Share
Scroll to Top