Захарова: Човечкиот живот нема вредност за Западот

пред 2 години

Марија Захарова истакна дека Русија буквално ја користела секоја можност за одржување на глобалната рамнотежа што беше постигната како резултат на Втората светска војна.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

– Бевме подготвени за компромиси, за изнаоѓање заеднички јазик и за какви било преговори. До последен момент покажавме големо трпение. На крајот на краиштата, сето ова се случуваше во позадината на воведувањето на санкциите, нивното годишно продолжување, бескрајниот погрден однос кон нашата историја, нашиот развој, нашите интереси . И покрај тоа што 8 години на нашите граници се случуваше монструозен масакр, при што, на предлог и со целосно покровителство на Западот, режимот во Киев ги убиваше своите граѓани и едноставно се однесуваше со нив според своите желби и аспирации, рече Захарова.

– Работата е што Западот ги помина своите црвени линии. На крајот на краиштата, сите тие возвишени изјави за целите и намерите кои беа дадени беа погазени од самиот Запад. И слободата на говорот и меѓународното право и демократијата и слободата воопшто како највисоки вредности. Сето тоа беше само згазено, сето тоа сами го прекрстија. Историјата од последните 15-20 години ни дава огромен број примери – вели Захарова.

– Примерите на окупација, агресија, бомбардирање на земји на различни континенти покажуваат дека човечкиот живот не бил вистинска вредност за Западот. Слично е и со слободата на говор, што го потврдуваат многубројните факти за блокадата на медиумите, апсењата на новинари, а понекогаш и обидите за убиства – додаде таа.

Официјалниот претставник на руското МНР привлече внимание и на примери за активирање на кризи од страна на Западот заради сопствената конјунктура или создавање кризни ситуации во кои тие потенцијално не постоеле.

– Сето ова укажува дека сето она што Западот си го постави како свои црвени линии и свои граници одамна е поминато и газено – рече Захарова, пренесе Новости.

Share
Scroll to Top