Зеленски нуди украинска помош за деблокада на Ормутскиот теснец

Зеленски нуди украинска помош за деблокада на Ормутскиот теснец

пред 4 часа

Украина се нуди како безбедносен партнер во напорите за повторно отворање на Ормутскиот теснец, откако Иран практично ја блокираше пловидбата по оваа клучна светска енергетска рута.

Претседателот Володимир Зеленски понуди помош во форма на вооружување проверено во борба и оперативно искуство, истакнувајќи го успехот на Украина во одржувањето на извозот преку Црното Море и покрај руската блокада, пишува „Киев Индепендент“.

„Ќе направиме сè што можеме“, изјави Зеленски. „Нашето искуство во деблокадата на црноморскиот коридор е исклучително важно. Ако нè вклучат, ќе ги сослушаме предлозите и ќе помогнеме“.

Неговите коментари сигнализираат амбиција на Киев да се трансформира од земја која прима безбедносна помош во земја која ја нуди.

Зошто Ормускиот Теснец е критичен:
– Ги поврзува Персискиот Залив и Арапското Море.
– Низ него поминува една петтина од светската нафта и течен природен гас (ЛНГ).
– По иранските закани, сообраќајот во март опадна за 94 отсто.
– Цените на енергенсите глобално растат поради стравот од долготраен недостиг.

Трамп: „САД повеќе нема да ви го чуваат грбот“

Кризата откри поделби во западниот сојуз. Иако Вашингтон првично сигнализираше подготвеност за интервенција, американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека САД можеби нема директно да дејствуваат.

„Соберете малку храброст, одете во теснецот и едноставно преземете го. САД повеќе нема да ви го чуваат грбот, како што ни вие не ни го чувавте нам“, напиша Трамп, повикувајќи ги сојузниците на самостојна акција.

Што нуди Украина?

Украина разви асиметрична стратегија против руската флота, користејќи евтини и ефикасни системи кои се покажаа супериорни во однос на скапите западни пресретнувачи кога станува збор за одбрана од роеви дронови.

Неколку модели на поморски дронови веќе уништија бројни руски бродови. Тие би можеле да се користат како „потрошен штит“ за комерцијалните конвои.

Ограничувања на помошта
Експертите од Институтот Хадсон предупредуваат дека иако украинското искуство е вредно за третата фаза на операцијата, Киев не може да помогне во чистењето на мините или во неутрализирањето на лансирните места на иранска територија.

Исто така, поради сопствената војна, капацитетите на Украина за производство и испорака на дронови за надворешни пазари се ограничени.

Текстот Зеленски нуди украинска помош за деблокада на Ормутскиот теснец е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top