Зеленски: Русија прави сè за да се осигура дека разговорите во Истанбул нема да доведат до резултати

Зеленски: Русија прави сè за да се осигура дека разговорите во Истанбул нема да доведат до резултати

пред 1 ден

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека Русија прави сè за да се осигура дека најавените разговори во Истанбул на 2 јуни нема да доведат до резултати.

„За состанокот да биде значаен, неговата агенда мора да биде јасна, а преговорите мора да бидат правилно подготвени. За жал, Русија прави сè што може за да се осигура дека следниот состанок нема да донесе резултати“, рече тој во објава на „Икс“.

Порано денес, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, објави дека руската делегација предводена од помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински, ќе пристигне во Истанбул на состанок со украинските преговарачи на 2 јуни со нацрт-меморандум и други предлози за прекин на огнот, пренесува Танјуг.

Украина инсистира Русија да го предаде својот нацрт-меморандум пред состанокот следната недела, поради загриженоста дека содржи услови неприфатливи за Киев, што Москва одби да го стори.

Текстот Зеленски: Русија прави сè за да се осигура дека разговорите во Истанбул нема да доведат до резултати е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top