Зеленски: САД побараа помош од Украина во борбата против беспилотните летала на Блискиот Исток

Зеленски: САД побараа помош од Украина во борбата против беспилотните летала на Блискиот Исток

пред 6 часа

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Соединетите Американски Држави побарале помош од Украина во борбата против беспилотните летала на Блискиот Исток.

Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Зеленски појасни дека станува збор за конкретно барање за поддршка во одбраната од иранските беспилотни летала од типот „Шахед“.

„Добивме барање од Соединетите Американски Држави за конкретна помош во одбраната од „Шахед“ на Блискиот Исток“, напиша Зеленски. „Наредив да се обезбедат потребните средства и да се ангажираат украински експерти кои можат да ја гарантираат потребната безбедност“, додаде тој.

Фото: Depositphotos

Текстот Зеленски: САД побараа помош од Украина во борбата против беспилотните летала на Блискиот Исток е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top