Зеленски ја одликуваше Меланија Трамп

Зеленски ја одликуваше Меланија Трамп

пред 1 час

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ го додели на првата дама на САД, Меланија Трамп, Орденот на принцезата Олга од прв ред, како признание за нејзините хуманитарни напори во Украина.

Во претседателскиот указ се наведува дека Меланија Трамп е одликувана за нејзиниот „значаен личен придонес во обезбедувањето хуманитарна помош за Украина“, како и за нејзиното активно залагање за човекови права и хуманитарна дејност насочена кон помагање на оние што се погодени од руската војна и кон олеснување на враќањето на украинските деца киднапирани од Русија.

Ова признание доаѓа само неколку дена откако речиси 800 луѓе беа евакуирани од Олешки, град кој моментално е под руска окупација. Евакуацијата беше спроведена како дел од хуманитарна операција во чија организација, покрај други учесници, помогна и Меланија Трамп.

Меланија Трамп испрати лично писмо до Путин

Меланија Трамп учествуваше во хуманитарни активности поврзани со руската агресија врз Украина и дејствуваше како дипломатски посредник во напорите да се обезбеди враќање на украинските деца киднапирани од Русија.

Откако во август 2025 година испрати лично писмо до рускиот претседател Владимир Путин, таа воспостави директен канал за комуникација за преговори околу враќањето на децата.

Текстот Зеленски ја одликуваше Меланија Трамп е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top