Земјотрес во Италија, епицентарот во близина на Пиза

Земјотрес во Италија, епицентарот во близина на Пиза

пред 2 часа

Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди Тоскана утрово, објави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Земјотресот е регистриран во 10:15 часот по локално време. Неговиот епицентар бил седум километри западно од Пиза, во област во близина на брегот, а фокусот бил на длабочина од осум километри.

Потресите ги почувствувале жителите на Пиза и Ливорно и околните делови на Тоскана. Локалните медиуми објавија дека земјотресот бил почувствуван и во Валдера, на брегот и во областа Версилија.

Кратко по земјотресот, бројни граѓани објавија на социјалните мрежи дека почувствувале силен, но краткотраен потрес.

Засега нема потврдени информации за повредени или голема материјална штета.

 

фото/Depositphotos

Текстот Земјотрес во Италија, епицентарот во близина на Пиза е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top