Земјотрес во Хрватска

пред 4 години

Силен земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во близина на хрватскиот град Глина, соопшти локалната Сеизмолошка служба.

Сеизмолозите го регистрираа земјотресот во 5 часот и 37 минути со епицентар кај Глина. Јачината на земјотресот била 4,2 според Рихтер.

Глина и Петриња во декември минатата година беа погодени од силен земјотрес во кој беше предизвикана материјална штета, а имаше и човечки жртви.

Share
Scroll to Top