Земјотрес со јачина од 2,7 степени во близина на Дубровник

Земјотрес со јачина од 2,7 степени во близина на Дубровник

пред 1 час

Земјотрес со јачина од 2,7 степени утрово ја потресе областа на Дубровник, јавува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случи во 7:02 часот по локално време, а епицентарот бил на четири километри северно-североисточно од Дубровник, на длабочина од шест километри. Епицентарот се наоѓа на околу 80 километри од Мостар.

Засега нема информации за евентуална штета.

Текстот Земјотрес со јачина од 2,7 степени во близина на Дубровник е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top