Земјотрес со јачина од 3,6 степени ја погоди денеска БиХ.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 17 километри северно од Зеница и 11 километри југозападно од Жепче, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот се случил во 12.29 часот. Потреси се почувствувани околу Зеница, Тешњ, Теслиќ, Какањ, Нови Травник, Вогошќе, Тузла, Градачац, дури и во соседна Хрватска, во Славонски Брод.
Текстот Земјотрес со јачина од 3,6 степени во Босна и Херцеговина, почувствуван и во Хрватска е превземен од МАКФАКС.






