Израелскиоте одбранбени сили (ИДФ) рано утрово објавија дека почнале да напаѓаат инфраструктура во Иран.
„ИДФ започна широк бран напади врз инфраструктурата на иранскиот терористички режим во Техеран“, соопшти војската во објава на Телеграм.
Израел, кој го напаѓа Иран од саботата, соопшти дека преминува во следната фаза од вооружениот конфликт.
„Во оваа фаза, дополнително ќе го демонтираме режимот и неговите воени капацитети“, рече началникот на Генералштабот Ејал Замир.
Тој, исто така, најави „понатамошни изненадувања“ за идните операции во Иран, без да прецизира за што станува збор.
Иран започна напади врз цели во земјите од Персискиот Залив, вклучувајќи ги американските воени бази и дипломатските канцеларии, како одговор на американските и израелските воени напади во Иран.
Текстот Израел вели дека е во тек нов бран напади врз Иран е превземен од МАКФАКС.






