Израел испорача 2.000 шлемови и 500 заштитни елеци на Украина, соопшти денеска израелското Министерство за одбрана.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Министерот за одбрана Бени Ганц минатиот месец изјави дека ќе одобри испорака на шлемови и елеци, што сигнализира промена на позицијата на Израел за обезбедување на таква опрема, пренесува Ројтерс.
Помошта на Израел дојде на барање на Украина, наведува британската агенција Ројтерс.