Израел нападна воена позиција на Хамас во Појасот Газа по напад на возило на ИД

пред 4 години

Израелските одбранбени сили (ИД) извршиле напад врз воен пункт на палестинското движење Хамас во Појасот Газа откако претходно беше нападнато инженерско возило на ИД, пренесува „Спутник“.

„ Претходно денес беше пукано кон инженерско возило на ИД во непосредна близина на безбедносната ограда во северниот дел на Појасот Газа, при што беше оштетено возилото. Нема пријавени повредени. Како одговор на нападот, тенк на ИД пукаше кон воен пункт на Хамас во Газа “, напиша ИД на Твитер.

Хамас, сунитска милитантна организација која го контролира Појасот Газа, е во долготраен судир со Израел. Израел го смета Хамас одговорен за секој напад што доаѓа од Појасот Газа.

Share
Scroll to Top