Израел против продажба на „Ф-35“ на Турција; Трамп: Никој нема да ми каже што да продаваме

Израел против продажба на „Ф-35“ на Турција; Трамп: Никој нема да ми каже што да продаваме

пред 1 час

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го отфрли противењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на можна продажба на борбени авиони „Ф-35“ на Турција.

„Никој не ми кажува што треба да продадеме“, изјави Трамп пред новинарите на авионот „Ер Форс Уан“.

Тој ја опиша Турција како „огромен сојузник“ за кој рече дека „направил многу добра работа“ по регионалните прашања, вклучително и ситуацијата во Сирија.

Иако призна дека Анкара „не е голем обожавател“ на Израел или на Нетанјаху, американскиот претседател нагласи дека билатералното партнерство меѓу САД и Турција останува силно.

За време на самитот на НАТО во Турција, Трамп рече дека „сигурно ќе размисли“ за обновување на продажбата на авиони „Ф-35“ на Анкара, велејќи дека Турција е „многу полојална од другите земји“.

„Ф-35 Лајтнинг II“ е напреден борбен авион од петта генерација произведен од американската компанија „Локид Мартин“, а Турција претходно беше дел од нивната производствена програма пред да биде исклучена поради купувањето на рускиот ракетен систем „С-400“.

Текстот Израел против продажба на „Ф-35“ на Турција; Трамп: Никој нема да ми каже што да продаваме е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top