Портпаролот на израелската влада, Ејлон Леви, вели дека семејствата на заложниците раскажувале ужасни приказни за нивното заробеништво.
„Децата беа сериски малтретирани“, изјави Леви.
Тој ја цитира тетката на 12-годишното момче дека милитантите му се заканувале на нејзиниот внук со пиштоли додека тој плачел и бил принуден да гледа ужасни видеа од злосторствата на Хамас.
Леви додава дека една баба рекла оти киднаперите ѝ се заканувале дека ќе ѝ ги убијат двата внука на возраст од осум и 15 години и им рекле дека никој не сака да се вратат дома во Израел.
„Не можам ни да почнам да замислувам колкави се психолошкиот ужас и теророт низ кој поминаа“, рече тој.
Текстот Израел: Хамас сериски ги малтретирал киднапираните деца е превземен од МАКФАКС.