ИКЕА купува шуми во Латвија и Литванија

ИКЕА купува шуми во Латвија и Литванија

пред 59 минути

ИКЕА купува околу 24.000 хектари шума во Латвија и Литванија од финската инвестициска компанија CapMan Natural Capital, која по повеќе од десет години активно управување оценила дека имотот достигнал „зрела фаза“ на создавање вредност.

ИКЕА соопшти дека набавката е во согласност со целите за одговорно управување со шумите и користење локални суровини, имајќи предвид дека таа е меѓу најголемите потрошувачи на дрвна маса во светот.

Трансакцијата треба да биде одобрена од регулаторите, а се очекува да биде завршена во првата половина од следната година.

CapMan по продажбата ќе управува со 215.000 хектари шума и ќе остане меѓу најголемите независни сопственици на шуми во ЕУ. Компанијата моментално управува со имот вреден 7,1 милијарди евра.

Текстот ИКЕА купува шуми во Латвија и Литванија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top