Илон Маск на X објави дека не користи дроги, еден ден откако „Њујорк тајмс“ објави дека поранешниот соработник на Доналд Трамп земал значителни количини кетамин, екстази и халуциногени печурки за време на изборната кампања.
„Да бидам јасен, ЈАС НЕ користам дрога! „Њујорк тајмс“ лаже. Пред неколку години користев кетамин на рецепт и објавив за тоа на X, така што ова не е ништо ново. Оттогаш не сум го користел тоа“, напиша најбогатиот човек во светот.
Also, to be clear, I am NOT taking drugs! The New York Times was lying their ass off.
I tried *prescription* ketamine a few years ago and said so on 𝕏, so this not even news. It helps for getting out of dark mental holes, but haven’t taken it since then.
— Elon Musk (@elonmusk) May 31, 2025
Во својот напис во петокот, „Њујорк Тајмс“ објави дека Маск консумирал значителни количини на кетамин, анестетик со стимулирачки ефекти, екстази и халуциногени печурки за време на изборната кампања.
Илон Маск, извршниот директор на X, Tesla и SpaceX, претходно јавно изјави дека користи ниски дози на кетамин за борба против депресивните тенденции и дека тоа му помага да работи поефикасно.
„Њујорк тајмс“ ја темели својата статија на приватни пораки и интервјуа со повеќе од 10 луѓе кои го познаваат Маск или работеле со него.
„Волстрит журнал“ минатата година објави дека Маск повремено користел дрога во минатото. Некои членови на одборот на „Тесла“, неговата компанија за електрични возила, беа загрижени за неговата употреба на дроги, вклучувајќи го и „Амбиен“ за лекување на проблеми со спиењето.
Во петокот, Маск поднесе оставка од американската администрација, каде што беше задолжен за намалување на федералните трошоци. Тој рече дека го прави ова затоа што ги запоставил своите компании.
Текстот Илон Маск: Јас не користам дрога е превземен од МАКФАКС.