Иран бара такси за бродовите во Ормускиот теснец по повторното затворање

Иран бара такси за бродовите во Ормускиот теснец по повторното затворање

пред 2 часа

Иранските власти повторно порачаа дека бродовите ќе мора да плаќаат такси за поминување низ Ормуски теснец, откако клучниот поморски правец повторно беше затворен.

Во соопштение на Врховниот совет за национална безбедност, пренесе Ројтерс, се наведува дека Иран ќе продолжи со надзор и контрола на сообраќајот „додека војната не заврши и не се постигне траен мир во регионот“.

Според информациите, мерките ќе вклучуваат собирање податоци за бродовите, издавање дозволи за пловидба и наплата на трошоци поврзани со безбедноста и заштитата на животната средина.

Во состав на Советот се, меѓу другите, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, воениот врв и министерот за надворешни работи Абас Аракчи.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно ја отфрли можноста бродовите да плаќаат такси за поминување низ теснецот.

Иран утрово соопшти дека повторно го затворил теснецот, наведувајќи дека САД не ги исполниле обврските од договорот за двонеделен прекин на огнот.

Текстот Иран бара такси за бродовите во Ормускиот теснец по повторното затворање е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top