Иран дозволи поминување на бродови со хуманитарна и основна стока низ Ормутскиот теснец

Иран дозволи поминување на бродови со хуманитарна и основна стока низ Ормутскиот теснец

пред 2 часа

Иран денеска дозволи поминување на бродови кои превезуваат хуманитарна и основна стока низ Ормутскиот теснец, објави иранската полуслужбена агенција Тасним, повикувајќи се на допис од Канцеларијата за развој на трговијата при Министерството за земјоделство.

Според директивата, која има поддршка од владата и вооружените сили, бродовите што превезуваат основни прехранбени продукти и сточна храна можат да поминуваат низ теснецот, но со одредени протоколи за безбедност.

По одобрувањето, индустриските здруженија ги известија своите членки дека можат да продолжат со испраќање на товарни бродови кон јужните ирански пристаништа, откако претходните ограничувања беа укинати.

Текстот Иран дозволи поминување на бродови со хуманитарна и основна стока низ Ормутскиот теснец е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top