„Важно писмо“ од иранскиот претседател до американската јавност ќе биде објавено во следните неколку часа, објави портпаролот на претседателот Мехди Табатабаи.
Табатабаи не откри што ќе напише во писмото, а објавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Иран побарал прекин на огнот, пренесуваат медиумите во регионот.
Иран негира дека бара прекин на огнот
„Претседателот на новиот ирански режим, кој е многу помалку радикален и многу поинтелигентен од неговите претходници, штотуку побара од Соединетите Американски Држави прекин на огнот“, напиша Трамп претходно денес.
Иран брзо го негираше тоа тврдење, а не е јасно на кого мислеше Трамп, бидејќи иранскиот претседател Масуд Пезешкијан е сè уште на функција и е еден од клучните луѓе во Техеран.
Кратко по објавата на Трамп на социјалните медиуми, Табатабаи рече дека ставот на Иран не се променил и го отфрли она што го нарече „заблуди и лаги“ на САД и Израел.
Фото: ЕПА
Текстот Иран: За неколку часа ќе објавиме важно писмо од нашиот претседател до американската јавност е превземен од МАКФАКС.




