Иран нападна уште еден брод во Ормускиот теснец

Иран нападна уште еден брод во Ормускиот теснец

пред 2 часа

Уште еден брод беше нападнат во Ормускиот теснец утрово, соопшти британската војска. Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) објави дека биле известени за нападот од страна на екипажот на товарен брод што пловел низ теснецот. Според дојавата на бродот било пукано од осум наутички милји западно од Иран.

Бродот запрен, екипажот неповреден
Бродот беше запрен по нападот, но агенцијата потврди дека сите членови на екипажот се безбедни и се на број.

UKMTO, исто така, издаде предупредување до другите бродови по инцидентот. „UKMTO е свесен за зголемената активност во областа на Ормускиот теснец и ги повикува бродовите да пријават каква било сомнителна активност“, соопшти агенцијата.

Претходно денеска во близина на брегот на Оман, контејнерски брод беше оштетен по инцидент во кој, според британската агенција UKMTO, беа испукани истрели, додека иранските власти тврдат дека спровеле „морски закон“ бидејќи бродот ги игнорирал предупредувањата. Екипажот не бил повреден.

Текстот Иран нападна уште еден брод во Ормускиот теснец е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top