Иран: Ќе го нападнеме Израел каде и да е потребно

пред 2 години

Иран силно ќе се спротивстави на Израел „секаде каде што смета дека е потребно“, изјави денеска Исмаил Кани, командант на елитните сили „Кудс“ на Револуционерната гарда на Иран, пренесува Ројтерс, пренесува иранската новинска агенција Нур.

„Каде и да ја идентификуваме ционистичката закана, силно ќе им се спротивставиме, тие се премногу мали за да се судрат со нас“, рече Кани, чија единица е задолжена за надворешните операции на Револуционерната гарда, пренесува британската агенција.

Иранскиот командант вети дека ќе ја поддржи секоја организација која се бори против „ционистичкиот режим“ и додаде дека „уништувањето на овој режим се повеќе напредува“.

Share
Scroll to Top