Иранска ТВ: Трамп го молеше Техеран за примирје

Иранска ТВ: Трамп го молеше Техеран за примирје

пред 5 часа

Иранските државни медиуми утринава ја објавија веста за прекинот на огнот што го објави американскиот претседател Доналд Трамп меѓу Иран и Израел, тврдејќи дека примирјето всушност му било наметнато на Израел по, како што велат, успешниот воен одговор на Иран на американската агресија.

Како што потсетуваат, Иран вчера изврши напад врз американската воена база во Катар, како одговор на американските воздушни напади завчера врз иранските нуклеарни постројки.

Во извештајот на иранската државна телевизија се наведува и дека Трамп побарал примирје „на начин што наликува на молење“, обидувајќи се на тој начин да оформи наратив за домашната јавност во која Иран ги совладал своите противници во воена и дипломатска смисла.

Трамп, сепак, на својата социјална мрежа Truth Social претстави сосема поинаква верзија на настаните. Тој тврди дека Израел и Иран му се обратиле речиси истовремено и му порачале: „мир“.

„Знаев дека времето е токму сега“, додаде Трамп во објавата.

Текстот Иранска ТВ: Трамп го молеше Техеран за примирје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top