Кандидатот за германски канцелар од конзервативниот блок ЦДУ / ЦСУ, Армин Лашет, ѝ се закани на Русија со санкции доколку гасоводот „Северен тек 2“ се искористи против Украина.
„ Ако Русија повторно преземе агресивни дејствија против Украина, Германија ќе преземе мерки на национално ниво и ќе се залага за казни во рамките на Европската унија“, рече Лашет во интервју за полскиот весник „Ржечпосполита“.
Според него, на тој начин Германија ќе спречи употреба на „Северен тек 2“ како „геополитичко оружје“, пренесе „Спутник“.
Германскиот политичар тврди дека договорот за гасоводот меѓу САД и Германија обезбедува инструменти со кои тие „заеднички ќе можат да ја повикаат Русија на одговорност за деструктивните активности“.
Тој додаде дека суверенитетот и безбедноста на Украина мора да бидат приоритет на надворешната политика на Германија.