Карни обезбеди парламентарно мнозинство во Канада

Карни обезбеди парламентарно мнозинство во Канада

пред 6 часа

Канадскиот премиер Марк Карни вчера обезбеди парламентарно мнозинство на локалните избори, една година по преземањето на функцијата, што му дава одврзани раце да ги забрза реформите насочени кон реструктуирање на економијата под притисок од САД.

Изборите се одржаа вчера во Онтарио и Квебек, а Либералната партија на Карни веќе победи во две изборни единици во Торонто, јавуваат канадските медиуми. Во последната изборна единица, онаа на Теребон, Квебек, резултатите можеби нема да бидат познати до денес.

Марк Карни, поранешен гувернер на централната банка (канадската и англиската), изненади со својата победа на минатогодишните парламентарни избори, но потоа не успеа да обезбеди апсолутно мнозинство мандати. Со новите победи на делумните избори, неговите либерали достигнаа 173 претставници во Долниот дом на парламентот со 343 места.

„Да ги оставиме малите разлики настрана“
Последниот премиер кој имаше мнозинство во парламентот беше Џастин Трудо во периодот од 2015 до 2019 година, пишува Франс Прес. Репутацијата на Карни како економист навикнат на управување со кризи минатата година ги убеди Канаѓаните загрижени за иднината на земјата, која Доналд Трамп сонува да ја претвори во 51-ва американска држава, да го поддржат.

„Се наоѓаме во средината на промени што ќе ја редефинираат земјата за генерациите што доаѓаат“, им рече премиерот Карни на поддржувачите за време на викендот, повикувајќи ги да ги остават настрана „малите разлики“.

Текстот Карни обезбеди парламентарно мнозинство во Канада е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top