Кина воведува строги правила за заштита на децата онлајн

Кина воведува строги правила за заштита на децата онлајн

пред 3 часа

Кинескиот регулатор за кибернетички простор објави нацрт-пропис за надзор на развојот на „дигитални луѓе“, со цел заштита на децата на интернет.

Според предлогот, сите содржини со виртуелни луѓе ќе мора да бидат јасно означени, а се забранува нивно користење за услуги кои можат да ги доведат во заблуда децата или да поттикнат зависност.

Правилата предвидуваат и забрана за „виртуелни интимни односи“ со лица под 18 години, како и користење туѓи лични податоци без согласност за создавање дигитални луѓе.

Исто така, се забранува користење на вакви технологии за заобиколување на системите за проверка на идентитет.

Во нацртот се наведува и дека не е дозволено ширење содржини што ја загрозуваат националната безбедност, поттикнуваат разединување или ја нарушуваат државната власт.

Документот предвидува и ограничување на содржини со сексуални алузии, насилство или дискриминација, како и мерки за интервенција кога корисници покажуваат склоности кон самоповредување.

Нацртот е отворен за јавна расправа до 6 мај.

Текстот Кина воведува строги правила за заштита на децата онлајн е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top