Пекинг денес изрази противење на каква било странска акција против новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи.
„Кина се спротивставува на мешањето во внатрешните работи на други земји под каков било изговор, а суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на Иран мора да се почитуваат“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, на редовната прес-конференција, одговарајќи на прашање за заканите од САД и Израел.
Израел минатата недела предупреди дека новиот врховен лидер на Иран ќе биде „мета“, дури и пред синот на Хамнеи да биде избран да ја преземе функцијата. Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека новиот врховен лидер „нема да трае долго“ без негово одобрение.
Кинескиот портпарол го опиша назначувањето на Хамнеи како внатрешно иранско прашање.
„Ги зедовме предвид извештаите за ова прашање. Ова е одлука донесена од иранската страна во согласност со нејзиниот устав“, рече тој.
Текстот Кина ги предупреди САД и Израел: „Не го допирајте новиот лидер на Иран“ е превземен од МАКФАКС.






