Кина постави цел до 2030 година електричните и хибридните возила да сочинуваат 70 отсто од продажбата на нови автомобили, а автономното возење да биде во широка употреба, предвидува новиот петгодишен план за автомобилската индустрија, пренесува „Блумберг“.
Пекинг очекува и неколку кинески производители да се најдат меѓу десетте најголеми автомобилски компании во светот. Кина веќе значително ја надмина претходната цел – електричните и хибридните возила лани учествувале со 54 отсто во продажбата на нови автомобили, додека во август нивниот удел достигнал 65 отсто.
Планот предвидува и поголема примена на автономни возила, развој на нови технологии за батерии и нивно рециклирање, како и дополнителни безбедносни стандарди во автомобилската индустрија.
Текстот Кина со амбициозна цел: 70 отсто од новите автомобили да бидат електрични и хибридни до 2030 е превземен од МАКФАКС.




