Луиза Џонс, поранешна британска воена разузнавачка и шефица на разузнавачкиот оддел во компанијата McKenzie Intelligence Services, ја коментираше денешната најава на Финска за влез во НАТО.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Финска, која со децении води политика на неутралност, денеска објави дека сака што поскоро да влезе во НАТО, по што следеше бурна реакција од Русија.
„За да разбереме колку е значаен овој потег, треба да ја погледнеме историјата на НАТО. Алијансата беше формирана по Втората светска војна и нејзиниот примарен фокус беше на Германија, Франција, Британија и, се разбира, САД“, рече Џонс и додаде:„Главната цел беше да се спротивставиме на Советскиот Сојуз“.
Но, по падот на Советскиот Сојуз во раните 1990-ти, балтичките земји Естонија, Литванија и Латвија практично веднаш аплицираа за членство во НАТО, посочи таа.
„Земјите како Финска и Шведска, кои водеа политика на неутралност за време на Студената војна, решија да продолжат со таквата политика“, рече Џонс, нагласувајќи дека денот кога Шведска и Финска ќе влезат во НАТО ќе биде лош ден за претседателот Путин.
„Тоа навистина не е нешто што тој го посакува. Неутралноста на Шведска и Финска му одговараше бидејќи можеше да се фокусира на југот“, рече Џонс, додавајќи: „Но, сега има многу малку што може да направи. Тој брод отплови“.





