„Кока-Кола“ по наводните труења со газирани пијалаци: Нема неправилности, направена е анализа на водата

„Кока-Кола“ по наводните труења со газирани пијалаци: Нема неправилности, направена е анализа на водата

пред 12 месеци

Компанијата „Кока-Кола“ го објави најновото соопштение во врска со случаите на наводно труење во Хрватска.

Од компанијата нагласуваат дека нивните анализи не покажале никакви неправилности, туку дека од пазарот повлекуваат шишиња Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate 330 ml од одредена серија.

„По анализата на Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate 330 ml, серијата со рок на траење од 31 април 2024 година, Државниот инспекторат на Република Хрватска потврди дека таа е безбедна за консумирање. Нашите интерни анализи продолжуваат да не покажуваат неправилности во производството на ниеден од нашите производи. Во врска со едно шише Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate 330 ml, поврзано со случајот, во тек е форензичката анализа.

Шишињата од горенаведената серија се повлекуваат од пазарот во интерес на јавното здравје. Продолжуваме да даваме целосна поддршка на надлежните институции во преземањето чекори за заштита на јавното здравје. На сите настрадани сограѓани им посакуваме брзо и целосно закрепнување“, се вели во соопштението.

За потсетување, околу 34 лица досега се пријавиле во болниците во Хрватска поради сомневање за труење по внесување на споменатата вода.

Првиот случај е откриен пред неколку дена во Риека, каде што маж добил хемиски повреди на хранопроводот.

Во тек се анализи на боци со вода, а првичните резултати покажаа дека не се констатирани неправилности.

Текстот „Кока-Кола“ по наводните труења со газирани пијалаци: Нема неправилности, направена е анализа на водата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top