Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Украина, како што тврди, продолжува со „провокации“ со цел подлабоко да ги вовлече западните земји во војната.
Песков оцени дека наводното губење контрола врз постапките на Киев треба да предизвика „сериозна загриженост“ во европските престолнини. Тој исто така тврдеше дека заканата од дрон за авионот на украинскиот претседател Володимир Зеленски на аеродромот во Кишињев била измислена.
Говорејќи за нападите врз бродови во Црното Море, Песков рече дека голем број трговски бродови се користат за транспорт на оружје за украинската армија и најави дека нападите врз нив ќе продолжат.
Според него, Русија не ги започнала нападите врз бродовите, туку Киев „ја отворил Пандорината кутија“ со нападите врз руска цивилна инфраструктура и економски објекти.
Песков се осврна и на можните царини на Латвија за жито од Русија и Белорусија, оценувајќи дека Рига би претрпела загуби од таквата одлука. За БРИКС рече дека земјите членки бараат начини за полесни меѓусебни плаќања поради ограничувањата што им ги наметнуваат трети земји.
Текстот Кремљ: Киев ја отвори Пандорината кутија е превземен од МАКФАКС.





