Кремљ: Кога ќе го отстраниме она што нè иритира и нас и Америка, шансите за обновување на односите се зголемуваат

Кремљ: Кога ќе го отстраниме она што нè иритира и нас и Америка, шансите за обновување на односите се зголемуваат

пред 4 часа

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, даде нови информации за мировните преговори за Украина за време на редовниот брифинг за медиумите во Москва.

Песков вели дека постои загриженост за промените во националната стратегија на САД под идните администрации, но дека сегашниот пристап ѝ одговара на Русија, објави руската државна новинска агенција ТАСС.

„Страните вклучени во мировните преговори се сè повеќе свесни дека работата мора да се заврши во тишина“, истакнува Песков.

Портпаролот додава дека со „отстранување на меѓусебните иританти“ меѓу Русија и САД, ќе има поголема шанса за обновување на билатералните односи меѓу двете земји, објавува државната новинска агенција РИА.

Кремљ, исто така, очекува да добие информации за резултатите од разговорите меѓу САД и Украина, додаде Песков.

Текстот Кремљ: Кога ќе го отстраниме она што нè иритира и нас и Америка, шансите за обновување на односите се зголемуваат е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top