Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека е изненаден од обвинувањата на американскиот претседател Џо Бајден до Владимир Путин, нарекувајќи го крвник.
„На крајот на краиштата, тој е човек кој во еден момент, зборувајќи пред телевизиските камери, бараше да се бомбардира Југославија. Така е, тој бараше бомбардирање на Југославија. Бараше да се убиваат луѓе“, рече Песков за ТАСС.
Тој заклучи дека, „затоа, во најмала рака е чудно да се слушнат такви зборови од Бајден“.
Претседателот на САД, претходно во разговорите со украинските бегалци во Полска го нарече рускиот претседател Владимир Путин-крвник.
Неодамна го нарече и „воен злосторник“, поради што руското Министерство за надворешни работи му врачи дипломатска нота на американскиот амбасадор.