Кулеба: Не дозволувајте Путин да ја претвори Украина во Сирија

пред 3 години

Украинскиот министер за надворешни работи ги повика министрите за надворешни работи на НАТО да не дозволат Русија да ја претвори Украина во Сирија, каде што од 2011 година се води граѓанска војна.

– Мојата порака е дејствувај сега додека не биде предоцна. Не дозволувајте рускиот претседател Владимир Путин да ја претвори Украина во Сирија. Ние сме подготвени да се бориме. Ќе ја продолжиме борбата. Но, сега ни требаат партнери кои ќе ни помогнат со конкретни, одлучни и брзи акции – објави Кулеба на Твитер.

– Ако не го направите тоа, се плашам дека ќе мора да ја споделите одговорноста за загубените животи и страдањата на украинските цивили, кои гинат поради безмилосните руски пилоти кои фрлаат бомби врз нив – посочи тој.

Според Агенцијата на ОН за бегалци, најмалку 1,2 милиони луѓе ја напуштиле Украина во соседните земји.

Share
Scroll to Top