Лавров во Турција ги објави условот за средба меѓу Зеленски и Путин

пред 2 години

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска во Анкара се сретна со турскиот министер, Мевљут Чавушоглу. По средбата одржаа прес-конференција.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Лавров рече дека услов за директна средба меѓу Володомир Зеленски и Владимир Путин е повторно отворање на мировните преговори. Лавров, исто така, потврди дека она што тој го нарекува руска специјална воена операција се одвива според планот.

Чавушоглу рече дека планот на ОН за отворање коридор за украински извоз на житарки е разумен и дека потребни се повеќе разговори со сите страни за да се обезбедат гаранции дека бродовите се безбедни.

Тој кажа дека средбата со Лавров била плодна и оти Русија покажала волја повторно да ги отвори преговорите меѓу Москва и Киев за евентуален прекин на огнот.

За потсетување, Турција беше домаќин на преговорите меѓу руските и украинските претставници во најраните фази на војната.

Share
Scroll to Top