Лавров: Опасноста е голема, ризикот од нуклеарна војна е сериозен

пред 3 години

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија се обидува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна и предупреди дека заканата од Трета светска војна е сериозна и реална.

„Не сакам вештачки да се зголемуваат овие ризици, иако многумина би сакале. Опасноста е сериозна, реална. И тоа не смееме да го потцениме“, изјави Лавров за руската државна телевизија, пренесува Интерфакс.

Лавров рече дека Москва ќе ги продолжи мировните преговори со Киев и конфликтот ќе заврши со договор, но неговата содржина ќе зависи од воената ситуација.

Шефот на руската дипломатија го обвини Володимир Зеленски, претседателот на Украина, дека се преправа дека преговара.

„Тој е добар актер. Ако внимавате што зборува, ќе слушнете илјада противречности“, рече Лавров.

Share
Scroll to Top