Летонија: Парламентот одлучи граѓаните да можат да се борат во Украина ако сакаат

пред 3 години

Летонскиот парламент едногласно изгласа да им дозволи на своите граѓани да се борат во Украина доколку сакаат, се наведува во денешното соопштение на Парламентот.

Нашите граѓани кои сакаат да ја поддржат Украина и доброволно да служат таму во одбрана на украинската независност и нашата заедничка безбедност, можат да го сторат тоа“, изјави Јурис Ранчанис, претседател на парламентарната комисија за одбрана, внатрешни работи и спречување на корупцијата, пренесува Ројтерс.

Share
Scroll to Top