Либан ја укинува смртната казна

Либан ја укинува смртната казна

пред 1 час

Либанскиот парламент денеска изгласа укинување на смртната казна, со што земјата би станала првата на Блискиот Исток што официјално го укинува овој вид казнување. Единствено против бил пратеничкиот блок на Хезболах.

Законот сега треба да го потврди владата, која претходно најави поддршка, а потоа да го потпише и претседателот Џозеф Аун. Според новите одредби, смртната казна ќе биде заменета со доживотен затвор со принудна работа.

Либан нема извршено ниту едно погубување од јануари 2004 година, иако судовите продолжиле да изрекуваат смртни пресуди. Според процените на организациите за човекови права, повеќе од 78 лица моментално чекаат на извршување на казната.

Одлуката е резултат на повеќедецениска кампања на организации за граѓански права и адвокати. „Злосторството не може да се реши со злосторство, а насилството не се запира со насилство“, изјавила Орaгит Јунан од Либанската асоцијација за граѓански права.

Одлуката на Либан е спротивна на трендовите во делови од Блискиот Исток. Јордан во јуни повторно започна со погубувања, додека Израел во мај одобри закон со кој се проширува примената на смртната казна.

Во меѓувреме, ОН изразија загриженост поради зголемениот број погубувања во Иран. Според податоците на високиот комесар за човекови права Волкер Турк, од 19 март во Иран биле погубени најмалку 56 лица по обвиненија поврзани со националната безбедност.

Текстот Либан ја укинува смртната казна е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top