Русија ќе дејствува за да ја брани својата национална безбедност доколку не добие конструктивен одговор од Западот на нејзините безбедносни барања.
Ова денеска го изјави рускиот претставник во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
„ Доколку не слушнеме конструктивен одговор на нашите предлози во разумен рок и ако продолжи агресивното однесување кон Русија, ќе мораме да ги преземеме неопходните мерки за да обезбедиме стратешка рамнотежа и да ги елиминираме неприфатливите закани за нашата национална безбедност“, соопшти руската мисија на ОБСЕ на Твитер, цитирајќи го својот амбасадор Александар Лукашевич, пренесува „Ројтерс“.
Во Виена денеска се одржува состанок на Советот Русија-ОБСЕ.